Календарот на Кампари за 2014 во егзотична обиколка со неодоливата Ума Турман
•
12 ноември 2013
Префинетата актерка Ума Турман е заштитно лице на новиот празничен календар на брендот Кампари за 2014 година. Турман ја гледаме во 12 различни егзотични изданија инспирирани од специфични национални култури, а кои ги поврзува впечатливата црвена боја која во најголем дел доминира во елегантните комбинации.
Фотографиите ги изработи Кото Болофо.