Креативен ноемвриски каталог на Преплет
•
8 ноември 2013
За креативното студио Преплет, веќе пишувавме и ви ги претставивме идеите на Викторија и Магдалена. Овој пат, ви го презентираме нивниот каталог за ноември/декември. Топла атмосфера на дом со шолји за кафе и чај од кои испаруваат мисли, слатко, компот, ротби и куфери, како што самите го опишуваат, со инспиративните пораки, по кои се и препознатливи, ќе ве освојат уште на прв полгед.
Во креирањето на оваа есенска приказна, која од Преплет најавуваат ќе има продолжение, им помогна и Катја Штркова, а целиот каталог низ фотографии и во електронска верзија можете да го погледнете во продолжение.