Креативен проект на млада новинарка кој обедини 27 земји во светот

26 јуни 2014

Естер Хониг е 24 годишна радио новинарка во Канзас Сити, Мисури. Пред неколку месеци таа за потребите на својата работа почнала интернационален проект со графички дизајнери, но од првичната замисла произлегла  сосема поинаква идеја која тематизира гледиште кон тоа како луѓето низ светот ја дефинираат женската убавина. Најпрвион Естер испратила фото портрет од себе на графички дизајнер во Шри Ланка на кој му објаснила дека има за цел истата фотографија да им ја испрати на графичари од повеќе земји кои на фотошоп ќе ја трансформираат според изгледот на жените од нивната земја.

 

Новинарката објаснува дека на почетокот проектот им бил чуден и збунувачки, но набрзо почнала да ги добива и повратните фотошопирани фотографии. Заедничко на повеќето фотографии се сините и зелените очи, како и светлиот тен. Хоинг вкупно добила повратни изменети фотографии од 27 земји, а исто така планира да го продолжи проектот и понатаму.

-Има толку многу да се каже од овој експеримет. На фотографиите сум јас, но и не сум. Јас сум сите, објаснува младата новинарка.

Argentina Argentina

Во продолжение погледнете ги креативните фото трансформациите кои навистина го отсликуваат традиционалниот стил на жените во однос на убавината од повеќе земји низ светот.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија