Љубителите на пиво дадоа предност на лежерниот изглед на Пиволенд 2014

25 август 2014

Изминативе четири дена, скопската тврдина Кале беше независна територија која го славеше омилениот летен пијалок-пивото под закрилата на традиционалната мултимедијална манифестација Пиволенд.

Љубителите на пивото имаа можност да уживаат покрај во својот омилен јачменов напиток, и во богатата музичка програма, додека во меѓувреме фотообјективот на Fashionel ги ловеше најинтересните стајлинзи.

Сосема очекувано, кога се работи за фестивал на отворено, од калибарот на Пиволенд, публиката како свој приоритет го избира опуштениот и лежерен изглед, како најпрактично решениe за тотално уживање во забавата.

Спортски шорцеви, кратки топови, широки маички, ранчиња и чанти со рачка преку рамо, беа основните модни парчиња во изборот на летен фестивалски изглед на публиката присутна на Пиволенд 2014.

 

 

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Фото галерија