Магична невидлива резиденција скриена на грчки остров

5 јуни 2014

Резиденцијата Мираж на грчкиот остров Тинос тотално се согласува со нејзиното окружување, криејќи ги во себе станарите од несаканите погледи!

Истата е совршена доколку сакате да побегнете од светот и буквално да се сокриете. Главното барање на нејзиниот сопственик е  апсолутна тајност така што во ниту еден момент никој да не може да види кој се наоѓа во неа.

Ова неверојатно дело е направено од неверојатните раце на тимот од креативното студио Kois Associated Architects кои што при проценката на теренот оцениле дека најдоброто решение е целосно усогласување со окружувањето на вилата.

Двата ката на резиденцијата се сместени внатре во теренот на кој пак се наоѓа огромна тераса која што гледа кон бесконечното море, а во функција на кровот се наоѓа и буквално, бескраен базен чија површина се рефлектира како онаа морската.

Поради одблесокот на морето, целата структура на куќата и надворешниот базен, навистина е невидлива, па сосема заслужено вилата го носи името „невидлива“ бидејќи истата изгледа како магично и фасцинантно привидение!

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија