Мистичниот едиторијал на Харпер Базар Кина...

27 ноември 2013

Моделот Магда Лагуинг е прекрасна девојка од бајките во новото, декемвриско издание на магазинот Харпер Базар Кина.

Таа во неверојатно мистичниот едиторијал ни прикажува фамозни парчиња од високата мода кои се како создадени за гламурозните новогодишни забави. Фустаните се дело на големите мајстори како Ели Сааб, Кристијан Диор и Маисон Мартин Маргела, во комбинација со совршената шминка и фризура на манекенката.

Едиторијалот е направен од фотографот Џамбо Цуи, а истиот изгледа како да е направен во некоја шума како што можеме да видиме само на филмовите. Како дополнување на и онака совршениот едиторијал се појавуваат и неколку прекрасни и мили животинчиња.

Објавено:
27 ноември 2013
Категорија: 
Фото галерија