Мода на рамни обувки од најголемата пешачка зона во Данска

8 август 2014

Копенхаген „стопанското срце“ на Данска ја има една од најголемите пешачки зони, која истоврмено е насјтара на светот и е гордост на градот. Периодов на Копенхаген му се случува модната недела каде се презентираат колекции на скандинавски дизајнери за сезоната пролет 2015 година, а токму пешачките зони се надворешната улична писта каде се случува парада од модерни изгледи. Скандинавците се препознатливи по модернистичкиот пристап во модата и дизајнот, но познати се и по едноставниот и префинет изглед кога се работи за избор на облека. Тоа дека припадничките на понежниот пол во Копенхаген преферираат комфор и лежерна каежуал гардероба, без оглед на тенденциите докажува фото галеријата од продолжение. Она што дефинитивно ќе го забележите е дека речиси сите девојки носат рамни обувки и не ги жртвуваат своите стапала на високи потпетици.

Дури и кога имаат на себе поелегантна комбинација од класични парчиња, тие смело ги надополнуваат со патики, класични рамни чевли во машка линија, рамни сандали и влечки. Дека не и робуваат на модата, туку се водат според сопствениот инстинкт, потреби и ставови покажуваат и храбрите стајлинзи од принтови и специфични кроеви. Заедничко за повеќето е тоа што тие на пиедестал ги ставаат парчињата кои имаат слободни и општени форми кои не се припиени до телото. Комбинезони, бермуди, кошула-фустан, искинати фармерки, кратки топови, погледнете како Данките се облекуваат кога Копенхаген пулсира во мега моден ритам.

Објавено:
8 август 2014
Категорија: 
Фото галерија