Светот на модата паралелно балансира со женска и машка модна енергија. Модната индустрија е поле каде не постојат дискриминации во однос полот. Сетилата и хедонизмот кон убавото, софистицираното и урбаното,  поврзува  неверојатна синергија, која  кога се создава и презентира, подеднакво ја отсликува пасијата. На модните недели во метрополите како Париз и Милано имавме можност да погледнеме машки колекции кои и тоа како се престиж за машкиот свет. Урбаниот и модерен маж, секогаш е во тек со последните случувања, а на себе посветува исто толку внимание како и жената.

 

Во продолжение имате можност да погледнете фотографии од зад сцената на ревии од еминентни дизајнерски имиња и брендови каде и посилниот пол е во истата мешаница и посветеност како и кај женските колекции. Дизајнери, познати актери, пејачи и манекени сите имаат заедничка страст-модата. Како изгледаат додека се подготвуваат гледате во продолжение.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Фото галерија