Најдобрите рекламни кампањи за сезоната есен-зима 2014

18 јуни 2014

Алберта Ферети модел:Маријакарла Босконо фотограф:Питер Линдберг Алберта Ферети
модел:Маријакарла Босконо
фотограф:Питер Линдберг

Темпото со кое се движи модата е речиси незапирливо, работи како парна машина и успева модните вибрации, енергично да ги „распрска“ насекаде низ светот. Затоа правењето сублимати и најави за тоа кои ќе бидат актуелните тенденции за претстојната есенска сезона е особено пријатна работа. Креативните тимови на познатите дизајнерски куќи веќе ја подготвија визуелизацијата на рекламните кампањи кои ќе ја одбележат студената сезона.

Москино модел:Карен Елсон, Ракел Зимерман, Саскија де Брау, Каролин Марфи фотограф:Стивен Мејзел Москино
модел:Карен Елсон, Ракел Зимерман, Саскија де Брау, Каролин Марфи
фотограф:Стивен Мејзел

Инвентивните комерцијални кампањи на модните куќи секоја година традиционално не воодушевуваат со оригинални идеи спакувани во приказни кои остануваат безвременски. Сите пленат со беспрекорна целина, добро осмислена сценографија, прецизно уловен фотографски кадар, соодветно одбрани лица и одличен избор на реквизити и модни додатоци кои најблиску ќе ја пренесат дизајнерската порака.

Барбери модел: Кара Делевињ и Малаика Фирт фотограф:Марио Тестино Барбери
модел: Кара Делевињ и Малаика Фирт
фотограф:Марио Тестино

Еве ја листата на рекламни кампањи кои ќе ја одбележат претстојната есенска сезона за оваа 2014 година.

 

Објавено:
18 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија