Непишаните правила на уличната мода ги диктираат трендовите

15 јануари 2014

Често пати сме сведоци на големото влијание кое го има уличната мода во формирањето на глобалните модни вкусови. Модните писти од големите шоу програми на брендовите продолжуваат на улица, но во една нова димензија. Погледнете како истите модни парчиња кои ги гледаме на писта, се трансформираат во модифицирано индивидуалистичко издание на урбаните улици, па во таа нивна верзија стануваат дури и попопуларни отколку на нивното официјално претставување.

 

Кратки топови

Измитиве неколку сезони овој тренд го заобиколи светот. Од спортски варијатни на кратки маички со интересни натписи, до секси и припиени топови изработени од тантела. Еве како ги носеа обожаваните трендсетерки.

 

Розов свет

Романтичните девојки секогаш наоѓаат начин розовата боја да ја вклопат во својот изглед. Оние со чувство за стил ја комбинираат од глава до пети, но во различен слоевит тоналитет, така да не изгледа ниту нападно ниту монотоно.

 

Кошулата е вечна класика...

...Но, може да ја модифицирате во различни варијанти и да ја прилагодите и на кежуал и на формален изглед. Во уличната мода основното правило гласи: задржи ја индивидуалноста. Ќе се изненадите од инвентивноста на уличните модни икони.

 

Кариран дезен

Еден од омилените во уличната мода. Се комбинира со џинс, класични костуми, во панк фазон, со кожени детали...

 

Женствено здолниште со висок струк

Елеганцијата е неизбежна. Нагласен струк и здолниште во А линија, изработено од нежни танспарентни материјали, но има и такви варијанти од кожа или скај. Комбинирани со клач чанти, класични салонки и шешири.... Впечатливо.

 

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија