Независен дух со богат колорит во новата пролетно-летна кампања на Прада

4 јануари 2014

Независниот дух на пролетно-летната колекција на Прада директно е рефлектиран преку одличните фотографии кои за новата рекламна кампања на брендот ги направи фотографот Стивен Мајзел. Воодушевувачки е богатиот колорит и миксот на принтови кои синхронизираат различни димензии на женственоста.

Капути аплицирани со украсни камења, здолништа  со принтови од женски ликови и исти такви креативни решенија испринтани на чантите, спортски чорапи до колена и впечатливи аксесоари кои го задржуваат широкиот колорит, ја прават оваа колекција неодолива.

Се чувствува позитивна младешка енергија изразена преку разиграноста на деталите, но сепак смирена со едноставноста на линиите.

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија