Кога во прашање е Источната култура, она што е особено возбудливо во контекст на модата е токму  уличната мода.

Ексцентричност, неконвенционалност и експлозија од бои и стилови се основните карактеристики во урбаниот уличен стил на младите во Хонгконг.

Минатиот викенд актуелна беше и Модната недела во Хонгконг што со дополнителен интензитет го обои шаренилото на градските улици.

Може да се забележи дека омилена е екстравагантната страна на спортскиот стил, во комбинација со неонска палета на бои, чевли со високи платформи и изобилство од модни додатоци.

 

Објавено:
24 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија