Остварување на соништата: Погледнете ги најлуксузните вили во Италија!

21 јули 2014

Кој не би сакал во моментов да се најде како ужива близу некое лимоново дрво додека најпријатниот ветер на светот дувка низ магичните ридови на Тоскана!?

Пуља Пуља

Честа да уживаат токму во ваквото задоволство ја имаат сопствениците на една од најлуксузните вили во Италија, заедно со уште неколку горди сопственици на најубавите имоти во Италија.

Тоскана Тоскана

Во слично задоволство може да уживате и додека за време на зајдисонцето го пиете најубавото италијанско вино покрај бесконечниот базен во луксузната вила на крајбрежјето на Неапол.

Доколку сѐ уште не сте се одлучиле каде ќе го поминете вашиот годишен одмор, запомнете дека оваа магична земја навистина вреди да се посети и дека истата ќе ви ги овозможи најубавите задоволства на светот.

Пуља Пуља

Ако имате можност да поминете едно лето во Италија, не заборавајте да посетите некоја од овие вили, па барем и за да ги фотографирате, со оглед на тоа што сместувањата на неделна база во дел од вилите достигнуваат и цени до 34.000 евра!

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија