Отворете го плакарот на Никол Ричи со мирис на пролет

3 мај 2014

Облечена во исклучително привлечен колорен дизајн со фолклорни мотиви на  фустан од Валентино со деликатни везови на црна транспарентна основа и комбиниран со лелеаво здолниште на Алберта Ферети, Никол Ричи ја отвори својата инспиративна пролетна градина во Лос Анџелес која го симулираше нејзиниот богат гардеробер.

Она што е забележливо на прв поглед е шаренилото од принтови и бои кои се мешат со цветниот мирис на градината и создаваат идиличен рајски приказ на еден пролетен женски плакар.

Но, она што овој го издвојува од другите женски плакари се фантастичните дизајнерски парчиња потпишани од имиња како: Оскар де ла Рента, Валентино, Кристијан Лобутан, Алберта Ферети, Емпорио Армани, Ланвин, Нина Ричи и други познати креатори и модни куќи.

Нас особено ни остави впечаток комбинацијата во која одлично се синхронизирани кошулата со цветен принт од Нина Ричи и волуменозното здолниште на Маркеза.

 

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија