Раскошните соби на децата на познатите...

5 јануари 2015

Најудобното и најсигурното место што го имавме како деца дефинитивно беа нашите детски соби. Токму таму ги чувавме и откривавме нашите најголеми тајни!

Детската соба секогаш беше нашето скришно место каде некако се чувствувавме најбезбедни. На веќе уредените од нашите родители соби, секогаш им додававме наш печат со рачно изработени детали во кои уживавме.

Денеска, децата на светски познатите ѕвезди имаат сѐ што може да посакаат во своите соби! Од кадифени играчки, гаџети по последен тренд, Ермес прекривки и дизајнерски декорации...

Детската соба на ќерката на Гвинет Палтроу, Епл Детската соба на ќерката на Гвинет Палтроу, Епл

Некои од нив, во своите соби имаат дури и посебен дел каде е сместено музичко студио, фитнес сала и уште многу други работи со кои нивните родители ги разгалуваат, а без кои секако можат.

Во продолжение во галеријата, погледнете некои од собите на децата на светските ѕвезди од кои многу од нив дури и не се задоволни!

Детската соба на ќерката  Онор на Џесика Алба Детската соба на ќерката Онор на Џесика Алба

Детската соба на синот на Кортни Кардашијан, Мејсон Детската соба на синот на Кортни Кардашијан, Мејсон

Собата на синот Скајлер на стилистката Рејчел Зое Собата на синот Скајлер на стилистката Рејчел Зое

Детската соба на Вилоу Смит, ќерката на Вил Смит Детската соба на Вилоу Смит, ќерката на Вил Смит

Објавено:
5 јануари 2015
Категорија: 
Фото галерија