Саем за деца: неодолива ревија на најслатките

24 ноември 2014

Во рамките на „Саемот за деца“ кој стартуваше изминатиот викенд, се одржа детска ревија во  организација на Моден викенд Скопје. На ревијата  беа претставени најновите колекции на петнаесет брендови достапни во Скопје Сити Мол. Најмалите и најслатките,  изгледаа неодоливо во тренди комбинации од кои дополнително блеснаа во најслаткото и најшармантното издание.

Ревијата се  одвиваше  пред игротеката „Имагинариум“ на вториот кат во трговскиот, а повеќто брендови понудија попуст од 50 %. Покрај неодоливата ревија, во програмата беа вклучени и едукативни игри, конкурски, натпревари , претстави и танц.

Дополнително зголемете ја вашата позитивна енергија од почетокот на работната недела, уживајќи во фотографиите на најмалите манекени и манекенки.

 

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Фото галерија