Сестрите Џегер со едиторијал на италијански Вог заедно со својата мајка

17 јуни 2014

Топ  моделот од  70-тите и 80-тите Џери Хал во едиторијал за италијанското издание на јунскиот Вог е во друштво на своите две ќерки Лизи, и Џорџија Меј Џергер, кои ги доби од бракот со својот ултра славен сопруг, рокерот Мик Џегер. Како три пријателки, мајката и ќерките од едиторијалот уживаат во заедничката дружба, покажувајќи дека имаат силни личности и јаки идеи.

-Јас сум навистина многу горда, вели Хал. Верувам дека сум единствената мајка што има вакви две прекрасни ќерки манекенки, вели за Вог гордата мајка.

Преку интервјуто сите три говорат за тоа колку го преферираат природниот изглед, односно негата која ја применуваат на себе без никакви вештачки помагатели. Инаку, едиторијалот е фотографиран од Јелена Јемчук, а стајлингот е избор на стилистката Кети Кастерин.

Објавено:
17 јуни 2014
Категорија: 
Фото галерија