Иако пред само неколку години едвај успеавме да се ослободиме од ретро тапетите во нашите домови, истите сега се враќаат на голема врата.

На пазарот денеска постои огромен и неверојатен избор на ѕидни тапети по различни цени, но едни од најубавите се дефинитивно оние на британската компанија de Gornay.

Тапетите на британската компанија воопшто не наликуваат на оние нашите, стари од минатото, туку се дел од она што се нарекува вистинска висока мода, односно нешто најдобро што може да се купи по солидна цена.

Листата на клиенти на британската компанија е долга, а меѓу нив се и Шанел, Бергдорф Гудман, Риц, Метју Вилијамсон, Попи Делевињ и бројни други познати модни куќи и познати личности. Брендот постои на пазарот од 1986 година кога креативниот Клад Сесил Гурнеј ја основаше компанијата по долга и неуспешна потрага по експерти кои би можеле да ги реставрираат старите тапети во неговиот стан. Идејата за неверојатно креативните тапети што сега ги произведува неговата компанија тој ја добил инспирирајќи се од уметноста од 17. 18. и 19. век.

Денеска, неговата компанија важи за лидер во својата област со импресивна листа на клиенти и неверојатен квалитет. Кај нив, работат врвни уметници кои по нарачка ќе ви аплицираат позлатени листови на вашите тапети или пак ќе ја најдат соодветната боја што совршено одговара на вашиот ентериер.

Во продолжение погледнете некои од нивните најубави тапети и инспирирајте се за пролетно освежување на домот.

Објавено:
10 април 2014
Категорија: 
Фото галерија