Сицилијанска бајка: Неодолива колекција на Долче и Габана за пролет/лето 2014

9 јануари 2014

Неверојатните Долче и Габана ја објавија долгоочекуваната кампања за нивната колекција за пролет/лето 2014 година.

Прекрасните Адам Сен, Тони Вард, Ноа Милс и Евандро Солдати се машките модели – ѕвезди на оваа фотосесија фотографирана од уникатниот Доменико Долче.

Фотосесијата е направена во мистичната Таормина во Сицилија каде единствено може да се долови шармантниот дух на преубавата Италија.

Италијанските пекари и продавачи на овошје и зеленчук се дополнителните, секси актери во неколкуте автентични сицилијански сцени.

Во рамки на овој едиторијал, Долче и Габана најмија и некои од најдобрите манекенки на денешницата како нивната омилена Бјанка Балти и Ева Херцигова кои го претставија женскиот дел од оваа колекција.

Истата вклучува шармантни и секси пролетни фустани, романтични аксесоари, ретро костими за капење и волуменозни и здолништа до колена. Во една од сцените може да се видат и разиграни дечиња кои ги носат нивните неодоливи модели во мала верзија.

Погледнете ја прекрасната сицилијанска фотосесија и одличната колекција за пролет/лето од големите Долче и Габана.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија