Слатка 86 – годишна бабичка снима реклами за костими за капење!

7 април 2015

Таа е дефинитивно најкул бабата што секој сака да ја запознае! Бади Винкл има 86 години и за многу кратко време стана вистинска сензација на Инстаграм каде има повеќе од 600.000 следбеници.

Позитивната Бади од неодамна е заштитно лице на американскиот бренд Дајмпис, за кои сними и одлична кампања во необични модни комбинации.

Оваа шармантна бабичка доаѓа од Кентаки, обожава бои, впечатливи натписи и дезени, не се срами од своето тело и нема проблем да се фотографира во костими за капење.

Токму поради тоа, таа стана и вистинска интернет сензација, бидејќи е тотално различна од нејзините врснички и води сосема поинаков живот.

Одличната кампања за брендот Дајмпис ја направи Нико Ла Лере, а Бади позира во неколку различни стајлинзи, претежно составени од костими за капење на брендот.

Она што е особено интересно е дека во последно време светот е воодушевен токму од ваквите силни жени кои не им подлегнуваат на годините. Кон почетокот на оваа година, Џоан Дидион стана заштитно лице на брендот Селин, Џони Мичел се фотографираше за Сен Лоран, а прекрасната Ирис Апфел стана заштитно лице на Алексис Битар.

Сите кампањи од кои беа дел овие жени, наидоа на позитивни реакции кај публиката, што беше и знак дека модната индустрија има потреба од вакви силни и позитивни жени без разлика на годините!

Објавено:
7 април 2015
Категорија: 
Фото галерија