Како што постојано се случуваат нови трендови во модата, музиката, културата и сите други сфери од живеењето, трендови има и кај печењето торти.

Оваа година, една од омилените торти на сите забави низ светот е т.к.н „Пината“ торта или торта полна изненадувања.

Покрај тоа што на прв поглед оваа торта изгледа позабавно и пошарено од која и да е друга торта, истата внатре е полна со мали слатки изненадувања кои се како создадени за детски родендени или семејни прослави.

Една од најпознатите слаткарки и експерт за печење на торти, Џулиет Сирс, објаснува дека ваквите торти станаа популарни уште минатата година.

„Јас сум буквално опседната со ваквите торти, бидејќи таа има двојна убавина – прекрасна е однадвор, но уште поубава одвнатре. Она што е супер, е фактот што оваа Пината торта се прави многу лесно, само треба да ги следите чекорите и да ги имате потребните бои и алати со кои ќе ја направите“, вели Џулиет која рецептот за оваа торта го смести во нејзината нова книга за готвење.

Таа вели дека секој еден треба да се обиде да ја направи оваа торта, бидејќи истата ви остава многу простор за избор на бои, вкусови, слатки што ќе ги сместите внатре и што уште не.

Она на што таа порачува дека треба да се внимава е тестото секогаш да биде подебело за да може добро да ги држи сите слатки или бонбони што ќе ги сместите внатре, а кремот да биде намачкан во тенок слој. 

Доколку наскоро се наближува роденденот на вашето малечко или пак некоја друга пригода, ова е совршен начин да ги изненадите сите гости!

Објавено:
8 август 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
1.754 пати