Трендовски и храбар моден мозаик низ улиците на Љубљана

30 јули 2014

Љубљана е модна метропола на уличната мода. Со полни гради дише градот и ги спојува различности на слободниот неконвенционален дух, индивидуализмот и оригиналниот стил. Токму таков стил забележа модниот објектив низ улиците на словенската престолнина. Слоевит, комбиниран микс од повеќе култури, дезени и трендови.

Загубени во модниот мозаик помеѓу шармантните цветни венчиња, парчињата од романтична бела тантела, искинатите фармерки кои презентираа по малку бунтовнички изгледи, популарните кратки топ маички, впечатливите рамки на очила за сонце, шарените виножита на марами и невообичаените ранци беше сликата која можеше да се види низ преубавата Љубљана.

Станува збор за модно изразување на млади луѓе кои целосно го презентираат естетското чувство и модниот сензибилитет кои се кријат во нивната модна фантазија. Моќта на добриот избор, трансформативниот ефект и храброста да го споите неспоивото се предиспозиции за да изгледате модерно, тренди и урбано.

 

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Фото галерија