Улична мода: Големите чанти и рамните чизми заштитен знак на скопјанки

6 март 2014

Додека во дел од  модните метрополи владее трка за внимание или пак доминираат изгледи од кои се воодушевуваме, низ улиците на Скопје пак најприменувани се спортските тренди изгледи како машки така и женски. Генерално оние што позираа пред нашиот фото објектив ги преферираат темните зимски бои, но не се исклучени ниту оние јаките како црвената, портокаловата, зелената. Комбинациите меѓу класични и спортски парчиња, слоевитоста и комфорноста е на пиедестал, а за изненадување е тоа што забележавме повеќе девојки на рамни чизми и патики отколку на високи потпетици. Заедничко за сите нив се големите чанти, најчесто во црна или пастелна нијанса. Зимските скопски изгледи воопшто не потфрлуваат, туку напротив,  заслужуваат пофалба за урбаноста.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Фото галерија