Улична мода: Летните стајлинзи на познатите

5 август 2015

Високите температури, не само кај нас, туку и секаде во светот направија да се ослободиме од слоевитата облека и да одбереме многу лежерни комбинации во кои ќе уживаме.

Токму во такви комбинации, навикнавме да ги гледаме и познатите кои секогаш ја одбираат удобноста пред сѐ.

Почнувајќи од Џенифер Лопез, Сара Џесика Паркер, па сѐ до Сиара и Палома Фејт, познатите девојки сакаат своите секојдневни обврски да ги завршуваат во удобни комбинации.

Ова лето, тие се вистински обожавателки на фармерките комбинирани со едноставни бели маички, кусите фустанчиња, спортската опрема, широките бохо фустани, но и елегантните фустанчиња во потемни и флорални нијанси.

Што се однесува до обувките, девојките од Холивуд речиси секогаш сакаат да одберат рамни чевли, најчесто со ремчиња, но и бели патики кои се вистински хит ова лето.

Во продолжение, погледнете некои од познатите холивудски девојки кои се вистински зависнички од лежерните комбинации ова лето.

 

Објавено:
5 август 2015
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
1.715 пати