Улична мода Мелбурн: Австралијците ги владеат принтовите

26 март 2014

Во Мелбурн, Австралија моменталната временска температура се движи до 28 степени целзиусови, а тоа е дополнителен стимул Австралијците  да ги облечат своите лесни и лежерни  комбинации од кои уживаат во комфорноста. Иако Австралија нема  статус на влијателна модна метропола, од обемната галерија во продолжение ќе погледнете изгледи кои ќе ве воодушеват пред се од храброста на оние што ги носат, а за момент ќе помислите дека тоа не е Австралија туку некоја од најзначајните светски модни престолнини. Австралијците  ништо не оставаат на случајност кога е во прашање нивната појава, па така низ улиците на Мелбурн има плејада од неверојатно тренди и шик изгледи.

 

Машките, претежно се сочинети од елегантни костуми, надополнети со впечатливи детали и контрастни бои.  И женските изгледи на Австралијките воопшто не потфрлуваат покрај оние на посилниот пол, тие умешно, смело и без никаква модна грешка ги комбинираат принтовите кои ќе ги забележите речиси од секој нивни изглед. Кратки топови споени со принт здолништа, од такви во А крој, оние  што ја следат женската силуета, лелеави, мини, миди и макси. Ние дефинитивно им ја препишуваме етикетата дека се меѓу едни од најмодерната нација. Што мислите вие?

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Фото галерија