Миланската модна недела за мажи која во моментов ја бранува светската јавност, ги привлече модните фанатици на миланските улици.

Додека модните шоуа се во тек, на улиците во Милано се случува вистинска драма:  мешавина од стилови и бои, но индивидуалност пред се’! Тука се пресретнуваат и светски познати и анонимни модни инсајдери, кои ја користат секоја прилика да се фотографираат за познатите модни магазини чии фоторепортери се присутни на секој чекор!

Во плеадата од атрактивни аутфити, особено се впечатливи и најчесто застапени огледналните очила за сонце, римјанките, тексасните комбинизони како и кошулите-фустани на врзување, искомбинирани во фантастични уникатни изгледи.

 

Објавено:
23 јуни 2015
Категорија: 
Фото галерија