Улична мода од машки изгледи од Миланската машка модна недела

14 јануари 2014

Знаеме дека Италијанците важат за најдобро облечени. Но, тоа не е  само момент кога во модниот епицентар Милано се одржува модна недела, тогаш тие на себе ги имаат најдобрите комбинации. Во продолжение ќе ви презентираме богата галерија од машки изгледи, фотографирани во Милано за време на машката модна недела. Мажите Италијанци дефинитивно преферираат класичен изглед од долги капути, строги кроеви на сакоа, шапки и предимензионирани машки чанти. Освен тоа ќе забележите и модни ексцентрици со неверојатно чудни комбинации. Интересно е што ретко кој од нив користи автомобил како превозно средство, најчесто возат велосипед, скирол или мопед. Почнете да ги гледате и анализирате, а патем споделете со нас какви се вашите впечатоци.

 

 

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Фото галерија