Улична мода Сараево: Уникатни примероци од последните зимски денови...

3 март 2015

Девојките од креативната платформа Shush – Mush од Сараево во соработка со модниот портал Buro 24/7, направија одлични стрит стајл фотографии од главниот град на Босна и Херцеговина.

Токму со овие фотографии, уште еднаш се докажа дека девојките од Сараево се страстни вљубенички во модата и дека речиси секогаш знаат да одберат барем едно, уникатно парче во нивните стајлинзи.

Доколку судиме по фотографиите, тамошните девојки во последните денови од зимата одбираат волуменозни палта во јаки бои, несекојдневни потпетици и секако, уникатни чантички.

Она што тие посебно го обожуваат, се атрактивните модни додатоци во интензивни бои како чантите со ориентални принтови, ракавиците со интересен дезен и секако, неизбежните очила за сонце.

Во исчекување на новите пролетни фотографии, уживајте во стајлинзите на девојките од Сараево во последните денови од зимата!

Објавено:
3 март 2015
Категорија: 
Фото галерија