Улична мода типична за студените денови во Москва

24 октомври 2014

Ако нас веќе ни студи поради брзата промена на температурата, во Москва таа моментално изнесува -2 степени целзиусови. Но, тоа за Русите воопшто не е некаков студ, па’ навикнати на екстремните температури воопшто не го менуваат префинетиот начин на облекување, туку само им пркосат. Ја знаете Мирослава Дума, Улијана Сергенко и Елена Перминова како Русинки со максимално изразено модно естетско чувство, но нè се само тие бидејќи по се изгледа тоа им е во генот на повеќето нивни сонароднички. Во продолжение можете да погледнете галерија од улични изгледи каде како главно парче од комбинациите секако се топлите бунди. Но, не било какви туку оние според последните тенденции во колоритно крзно. Слоевити и доста инспиративни кои се доказ дека студеното време не смее да ве попречи да изгледате одлично.

Објавено:
24 октомври 2014
Категорија: 
Фото галерија