Улична модна географија од машки изгледи низ светот

17 мај 2014

Sydney

Кога ќе се направи спој на машки изгледи од различни страни на светот, добивате моден микс кој ги отсликува тековните машки трендови, но и генералната слика за имиџот на поединците од конкретната држава. Во продолжение имате можност да погледнете галерија од машка улична мода од неколку страни на светот. Барселона, Белгија ,Лондон, Бруклин, Буенос Аирес, Чикако, Копенхаген, Даблин, Единбург, Фиренца, Истанбул, Кореа, Лондон, Милано, Њујорк, Париз, Русија, Сеул, Сиднеј и други области, градови и држави низ светот. Елеганција, класика, рокерски и спортски фазон, еклектичност и прогресивност изнесена преку облека. Различна држава, различен моден пристап, но и индивидуална уникатност.  Наш фаворит се момците од Сиднеј, за кои заштитен знак на препознатливост се мото јакните и рокерскиот имиџ.

Sydney Sydney

Милано, секако ви ги прикажува најстилизираните мажи и нивните комбинации од впечатливи костими и детали, Турците  пак изненадуваат со миксот од спортска-класика, а Њујорчани очекувано преферираат  лежерност и комфор.

Објавено:
17 мај 2014
Категорија: 
Фото галерија