Уличната мода во Париз со акцент на дамските и урбани изгледи

25 септември 2014

Градот на светлината, Париз, деновиве блеска во полн сјај благодарение на модната недела на која е во полн ек. Модните куќи на пистите ги диктираат новите модни тенденции за наредната сезона, а трендсетерките, блогерите, гостите и минувачите низ градските улици впишуваат ново поглавје во модната историја на уличната мода.

Ако помисливте дека Милано понуди вистинско богатство од урбани улични модни визии дефинитивно треба да ги погледнете стрит стајлинзите во Париз кои и овој пат го пулсираат во ритамот на дамскиот изглед, надополнет со традиционалниот париски шарм. Особено впечатлива е неверојатната игра на строги линии, инвентивни кроеви, раскошни принтови и моќни модни додатоци.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија