Кон почетокот на месецов во Њујорк се одржа машката модна недела, а покрај на пистите, одлични стајлинзи можевме да видиме и низ улиците на Големото јаболко.
Модните ревии на Мајкл Корс, Тим Копенс, Александре Плоков и многу други, привлекоа публика каква што може да се појави само во Њујорк.
Низ улиците видовме неверојатно уникатни комбинации, многу млади момци и девојки кои воопшто не се плашат да го изразат сето она што го носат во себе, но и многу парчиња што допрва ќе станат тренд.
Ние издвоивме некои од најуникатните улични стајлинзи колку да ве потсетиме секогаш да бидете свои и воопшто да не се двоумите дали некому ќе му се допадне вашата комбинација!