Вака изгледа телото по носењето претесна облека!

11 март 2015

Фотографиите на Џастин Бартелс ја прикажуваат другата страна на секси облеката, онаа пострашната!

Иако тесните фармерки, push up градниците и високите потпетици изгледаат неверојатно секси, тие воопшто не се удобни и се апсолутно лоши по здравјето.

Колекцијата фотографии на младиот и талентиран фотограф Бартелс едноставно наречени Impression, го прикажуваат женското тело по носењето на ултра тесна облека и последиците што таа ги предизвикува.

Фотографиите тој ги направил инспириран од сеќавањата на девојките со кои тој излегувал во текот на животот, а кои редовно имале траги од тесната облека што ја носеле.

„Ми беше интересен фактот што толку многу жени носат тесна и неудобна облека само за да ги импресионираат другите, без разлика на тоа што не се чувствуваат добро. Се надевам дека оваа збирка фотографии ќе ги инспирира жените да се запрашаат што всушност носат и зошто го носат тоа“, вели Џастин.

Според едно истражување направено во Британија, повеќе од половина жени несвесно купуваат претесна облека, а една од основните причини за носење на истата е фактот што модните брендови немаат усогласени броеви, па така здолниште со број 36 од еден бренд може да одговара на такво со број 40 од друг бренд.

Сето ова не би било воопшто важно доколку претесната облека што ја обожуваат голем број девојки сама по себе не носи и здравствени ризици.

Покрај очигледниот проблем како што е спречувањето на циркулацијата, тесната облека што го притиска стомакот како тесните фармерки или корсетите, кај одредени луѓе може да предизвика проблеми со гастритисот и иритација на стомакот.

Ние ви препорачуваме колку што е можно поретко да носите претесни парчиња, со оглед на тоа што истата сериозно влијае на здравјето, а одамна е и тотално аут кога станува збор за трендови!

Објавено:
11 март 2015
Категорија: 
Фото галерија