Викторија Бекам со морничав лукбук ја претстави новата колекција

5 март 2015

Британската дизајнерка Викторија Бекам деновиве го претстави нејзиниот нов лукбук за колекцијата есен/зима 2015 и тој дефинитивно е сосема поинаков од сите останати што обожуваме да ги гледаме.

 

Во истиот, ќе ги видите шик парчињата на Викторија презентирани од модели кои на моменти изгледаат тотално безживотно, а на моменти дури и застрашувачки.

 

На дел од фотографиите, колоритните дизајни на Бекам ја добиваат онаа младешка и позитивна димензија од каде дизајнерката всушност и тргнала кога ја создавала новата колекција.

 

Па така, токму на тие фотографии можеме да ја видиме прекрасната и урбана девојка помалку насмеана и ведра, облечена во свежи бои во пролетна игра со прекрасните жолти и бели лалиња.

 

Веднаш потоа, Викторија повторно се враќа на првичната поинаква мисла околу едиторијалот, па ја прикажува девојката во едно помалку лудо светло, тотално слично на она на малата Меди Зиглер од спотовите на музичката сензација Сиа.

 

Што се однесува до колекцијата, дизајнерката овојпат понуди малку поинакви и поколоритни креации, во кои вклучи и животински принт, кариран дезен, па дури и кожа и металик моменти кај парчињата.

Во однос на боите, Бекам повторно тргнува од основните бела и црна, но овојпат вметнува и црвена, сина, нијанси на розова и фантастична портокалова.

Во продолжение, погледнете ги сите парчиња од колекцијата на госпоѓата Бекам.

Објавено:
5 март 2015
Категорија: 
Фото галерија