Модната недела на висока мода во Париз заврши, а во рамки на истата се претстави и модната куќа „Диор“. Ова беше прва couture ревија на брендот по заминувањето на Раф Симонс.

Реакциите беа поделени, но она што никако не можеше да се оспори е добрата изработка и деталите. Исто така, многумина се прашуваа, кој стои зад тимот на оваа модна куќа после новонастанатите ситуации.

Тимот на британскиот Vogue беше во ателјето на „Диор“ при подготовките за изминатава модна недела во Париз, а фотографиите ви ги пренесуваме во галеријата.

Објавено:
29 јануари 2016
Категорија: 
Фото галерија
Прочитано:
4.843 пати