ИНТЕРВЈУ

Македонските природни богатства низ објективот на Стефан Богоевски (Џоле)

4 август 2022

Оваа недела повторно ве носиме на прошетка низ недопрената природа на Македонија, нејзините грандиозни планини, моќни карпи, мистериозни шуми и волшебни води.

Овојпат прошетката ја правиме низ објективот на Стефан Богоевски (Џоле) - 2З годишен македонски пејсажен фотограф чиј инстаграм профил изобилува со прекрасни фотографии во кои е преточена убавината на нашата татковина.

Стефан уште од своето рано детство гаи длабока врска со природата. Растејки, своето време тој најчесто го поминувал надвор, истражувајќи ги природните богатства. Сепак, тој открива дека во тоа време воопшто не бил свесен за убавините со кои денес има привилегија да се запознае.

- Главен мотив кој ме поттикна да се занимавам со оваа професија е љубовта кон недопрената природа, прекрасните глетки, чистиот воздух, и сите природни богатства кој наедно претставуваат основа за здрав и енергичен живот. Кога прв пат направив непланирана прошетка од овој вид во природа, првото нешто што го почуствував, обземен од магијата на околината која ме опкружуваше, беше дека она што овде ми недостасува е добра камера. - вели Стефан. - Во суштина мислам дека голем дел од луѓето со сличен профил како мојот го мислат истото, од причина што тоа е најадекватен начин да го објаснам и прикажам она што сум го видел. - додава тој.

Стефан посочува дека кога и да ги разгледува своите фотографии, тоа го инспирира да ги посети прекрасните места повторно.

- Но, сепак најзначајниот ефект од сето ова е тоа што сфатив дека преку фотографиите на некој начин би стимулирал поголем број на луѓе да се одлучат да ги посетат овие природни убавини. - вели тој,

Како пејсажен фотограф, авантурист и вљубеник во природните убавини на Македонија, Стефан решава да сподели низа фотографии од своите незаборавни моменти и искуства, низ кој сака да го представи духот на природата, смислата за нејзиното постоње и човечкото присуство во неа.

- Моето искуство со фотографирње на пејсажи ме научи дека секоја фотографија е уникатна и буди посебна енергија во погледот на секој обожавател на пејсаж и природа.

Стефан исто така го потенцира невообичаениот спој на природата и технологијата преку употребата на фотоапаратот како современо орудие кое му помага да ги овековечи сите оние убавини со кој е обдарена оваа наша мала убава земја.

Преку своите фотографии, Стефан се обидува што повеќе да го промовира планинскиот туризам, а преку директниот приказ на овие незаменливи природни убавини, тој се надева дека ќе ги инспирира луѓето не само да уживаат во нив, туку и да се грижат за нив.

Објавено:
4 август 2022
Категорија: 
Интервју
Прочитано:
772 пати