Уметник

Оливер Маринкоски: Уметноста може да биде различна и шокантна, а стилот е само платформа за пораката

15 август 2022

Можеби досега веќе сте имале можност да ги погледнете импресивните илустрации и неверојатните 3D модели на македонскиот уметник Оливер Маринковски некаде на социјалните мрежи. Чувството што неговите дела го предизвикуваат неретко е необичен спој на шок и воодушевување, а според големата бројка на следбеници на неговиот Инстаргам профил, Оливер несомнено успешно привлекува големо внимание.

Оливер е класично образуван уметник во правецот скулптура, самоуко образуван во сферата на 3D моделирањето, а моментално тој е најпознат по дигиталните илустрации преку кои ја претставува неговата модерна замисла на античките богови и митолошки суштества.

„Уметноста може да биде различна и шокантна", ќе рече тој, а неговата надреална уметност која фасцинира со неверојатните детали и застрашувачки мотиви дефинитивно го потврдува тоа.

 

Со повеќе од 28 илјади следбеници на Инстаграм, твоето име е веќе познато помеѓу вљубениците во дигиталната уметност и 3D дизајнот. Сепак, за оние кои сè уште не слушнале за Оливер Маринкоски, како би се претставил себеси и својот уметнички стил?

  • Класично образуван уметник во правецот скулптура, самоуко образуван во 3D моделирање. Љубител на класична уметност, хеленистичка, римска, ренесанса, надреализам, и фан на диаметрално различните Францис Бејкон, Х.Р. Гигер и Бексински. Во моментов креирам дигитални рендери на класични скулптури со примеси на нашето модерно секојдневие, окултизам и „кинк".


Кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци? Кога и како ја откри твојата уметничка страна? Дали чувствуваш одредена трансформација во твојот стил од почетокот па до денес?

  • Почетоците се уште во детство, со пластелин и пенкала на А4 формат. Потоа во Средно уметничко каде што конкурирав за сликар затоа што не бев запознаен со други техники, а ме одбраа за скулптор, техника во која се пронајдов. Трансформација во стилот има и мора да има. Мојот вкус е еклектичен, апсолутната слобода е таков да биде и мојт стил.


Според најголемиот дел од делата објавени на твоите Инстаграм профил и веб страна би можело да се заклучи дека во твојата уметност доминира мистерија и бизарна естетика. Како изгледа креативниот процес низ кој поминуваш ти со своите идеи и мисли пред да го постигнеш резултатот кој го гледаме?

  • Понекогаш седувам со намера да креирам нешто, обмислувам, истражувам и доаѓам до интересен концепт, но почесто идеите ми доаѓаат сами, кога не работам ништо поврзано со уметност, кога работам некоја безумна домашна обврска и несакајќи влегувам во активна медитација. Сè од тука оди во белешки во телефон, кои се од 2-3 збора и звучат почудно одколку што изгледа мојата уметност.


Помеѓу твоите најрани дела, највпечатливи се оние каде манипулираш со делови од човечко тело и неанимирани објекти. Како дојде до оваа идеја и која е приказната зад овие бизарни и застрашувачки манипулации?


Твојот последен серијал на дигитални уметнички дела кои направија бум на социјалнте мрежи се оние во кои митолошки суштества, древни божества и славјански богови ги претставуваш како неверојатно реалистични скулптури во типичен антички римјански и грчки стил. Постои ли некаква порака зад обој спој?

  • Првите проекти ми беа старословенските божества во антички хеленистички скулптури. Тоа беше само љубопитност. Но кој знае малку историја, знае дека римјаните ја препишале целата грчка митологија. Но работејќи на тоа открив дека и словените ја зеле божицата на ловот Девана, од римската Дијана, кои ја зеле од хеленистичката Артемис кои ја зеле од некоја друга античка цивилизација. Тука ме интригираше архетипот на европската митологија.


Покрај тоа, на дел од овие дигитални уметнички дела им даваш неочекуван модерен, но и шокирачки BDSM твист. Која е позадинската приказна на овие дела?


Што или кој претставува твоја најголема инспирација? Што највеќе ја потхранува твојата фантазија и креативност?

  • Да не се креира за мене е еднакво на смрт. Ако не креирам подолго време сум во депресија. Иснпирација има во изобилие, посебно во минативе 2 години кои тежат за 10 години историја. Но важното ми е дека сè тоа мора да се преточи во дело.


Покрај дигиталната уметност, фотоманипулацијата и 3D дизајнот, што друго е карактеристично за Оливер?

  • Може некој да ме препознае како басист и коосновач на еден од најдобрите Македонски хардкор бендови „Непокор" (веќе не постои), или можеби бил да се тетовира кај мене во студио "Lerac Tattoo" Тетовската околија, каде што за жал клиентелата ги диктира мотивите на моите дизајни на тетоважи.
Објавено:
15 август 2022
Категорија: 
Интервју
Прочитано:
1.420 пати