Парис Џексон: Татко ми знаеше дека ќе го убијат!

25 јануари 2017

Осумнаесет годишната Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, во своето последно интервју за магазинот Rolling Stone ја раскажува својата приказна за прв пат.

Таа се согласува на ова исклучително интимно интервју после подолги преговори. Открива дека долги години се борела со својата депресија и користела разни дроги. На своја 15 годишна возраст ќе се обиде да се самоубие, но вели дека тоа е еден од низата обиди кој ќе биде проследен со огромен публицитет.
„Мислев дека не заслужувам да живеам, ништо не можев да направам како што треба, немав никаква самодоверба, се потценував себеси. Се повредував со тоа што се сечев самата по телото и се криев од најблиските“.


Раскажува дека се дружела со многу повозрасни од неа, правела луди и откачени работи, а сето тоа кога ја запишале во приватно училиште и не можела да се снајде со своите врсници.
„Правев многу работи кои моите врсници не ни помислуваа дека е возможно да ги направам. Упорно се обидував брзо да пораснам и не бев добра личност“, раскажува таа.
Вели дека била и силувана од потполен странец кога имала 14 години.
„Не сакав многу да зборувам за тоа, ми беше тешко, никому не кажував“.


Парис ќе заврши средно терапевтско училиште во Јута и тоа ќе и помогне да ги помине сите кризи и да стане подобар човек. За својата депресија ќе додаде дека и татко и се борел цел живот со тоа и пиел антидепресиви. Истите лекови ќе и бидат препишани и на неа. Повеќе не е на таа терапија, не пие алкохол и не користи дроги. За своите тетоважи по телото ќе рече дека се последица од употребата на дроги.

„Бев целосно луда. Поминував низ својата агресивна тинејџерска фаза сама и се борев со својата депресија и анксиозност“.

Во последно време Парис сака да биде модел.

„Многумина мислат дека сум грда, останатите не мислат така. Но, има еден момент кога сум пред фотоапаратите заборавам на се и мојот единствен фокус е камерата и тоа што ми зборува фотографот, тоа ми помага да се фокусирам. Во тие моменти се чувствувам убаво и во извесна смисла тоа е себично,но убаво ми е“.


За својот татко и покрај разните шпекулации дека не и е, вели дека за неа постои само еден татко и тоа е Мајкл Џексон: Тој секогаш ќе ми биде татко. Тие кои ме познаваат го препознаваат татко ми во мене дури е и застрашувачки колку. Јас себеси се гледам како црнкиња. Се сеќавам кога татко ми ќе покажеше со прстот кон мене и ќе ми кажеше дека треба да сум горда на своите корени. Јас му верував во тоа што ми зборуваше. Никогаш ме немаше излажано за ништо. Секогаш ми зборуваше ако сакаш да си поголема ѕвезда од мене тогаш ти тоа можеш да го сториш, ако не сакаш тогаш немој ни да се обидуваш. Само сакам да си ти среќна. Инаку Парис за прв пат јавно ќе каже дека нејзиниот татко бил убиен велејќи дека и самиот и повторувал: Еден ден ќе ме убијат!


Парис покрај желбата да биде успешна како модел се занимава и со компонирање на музика и вели дека животот е пред неа, има само 18 години .

Објавено:
25 јануари 2017
Категорија: 
Интервју
Прочитано:
3.052 пати