Менсон почина на 83 годишна возраст

20 ноември 2017

Чарлс Менсон, култниот водач на хипи групата која живееше во околината на Лос Анџелес, познат по своите хипнотизирани очи како и по убиството на Шерон Тејт тогашна сопруга на режисерот Роман Полански, почина на 83 годишна возраст.

 Според извештајот на полицијата, тој починал спокојно, од природна смрт во болницата Керн Каунти. Човекот кој беше прогласуван за луд и полн со злоба во себе со извитоперени мисли кон светот и постоењето. Менсон ќе остане запаметен како лик кој нема никогаш да изусти ниту збор сочуство и тага. Тој помина во затвор речиси 50 години .

Не е познато каде ќе биде закопан, ниту пак дали ќе биде кремиран. Неговото злосторство го има во стотици книги, повеќе од 20 документарни филмови и дузина играни филмови.

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Останати
Прочитано:
223 пати