Астро стил: Јарците ја преферираат практичноста и класичноста

26 декември 2018

Јарци, вашиот период пристигна! Токму затоа и оваа рубрика „Астро стил“ ја посветуваме токму вам.

Како да препознаете претставник на овој знак, а да е само стилот во прашање?

Одговорот е едноставен и многу познат - преку класичните, женствени и елегантни парчиња.

Јарците не сакаат премногу да експериментираат. Нивниот гардеробер најчесто е составен од деловни и строги парчиња, без разлика дали се работи за мажи или жени. Тие уживаат во класичноста и безвременоста.

Всушност, тоа што другите би го нарекле конзервативност, тие го нарекуваат „модна класика“.

И ова се однесува и за женските и машките претстаници. Сепак, ако треба да бираме кој од нив ќе се осмели на нешто похрабро, тоа дефинитивно се жените. Кај нив можете да видите и принт и боја и комбинирање на различни текстури.

Кај мажите пак, тоа не е така изразено, тие се држат до проверените комбинации.

Кога се боите во прашање, црната и белата се нивната основа од каде што започнуваат сите останати комбинации. Инаку, како претставници на Зодијакот што предност и' даваат на практичноста, нема потреба да се нагласува дека нивниот гардеробер изобилува токму со тоа - парчиња идеални за многу пригоди.

Тие не само што носат класични парчиња, туку и создаваат такви. Па не изненадува фактот дека дизајнерката Дајан фон Фурстенберт е токму Јарец и создавач на култните фустани на преклоп.

ВО продолжение погледнете со кои познати личности го делите хороскопскиот знак и инспирацијата побарајте ја и во нивниот стил:

 

Дајан фон Фурстенберг

 

Бредли Купер

 

Кејт Мос

 

Еди Редмејн

 

Кејт Мидлтон

 

Мишел Обама

 

Дајан Китон

 

Рики Мартин

 

Сиена Милер

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Моден хороскоп
Прочитано:
1.261 пати