10 пати кога Џон Траволта диктирал трендови

18 февруари 2022

Џон Траволта беше едно од најголемите филмски ѕвезди во 70-тите и 80-тите години. И денес важи за еден од најуспешните, но тогаш беше и еден од најпосакуваните мажи.

Висок, со густа црна коса, актер и со одлични движења - тој беше се' што младите девојки тогаш сакаа.

Последните години се држи до класичниот стил и за разлика од младоста, сега е ќелав, но иако е во седмата деценија од животот, уште ја има шармантната насмевка и движењата.

Сепак, во младоста Траволта беше и вистинска модна икона.

Тоа што тој го носеше на сцената или надвор од неа, стануваше ултра популарно. Беше смел да облече чевли на потпетица кога другите мажи тоа го гледаа од страна со голема несигурност. Беше смел да облече светкави костуми, бели костуми, но и тесни маички со рокерска јакна.

Како со стилот, така и со фризурата поставуваше трендови, а денеска овие негови модни избори се толкуваат како култни и инспиративни.

Дел од нив следат и во продолжение:

Црни кожени чизми на потпетица, во комбинација со џинс и лежерна кошула - никој не би умеел ова така добро да го носи како Џон.

 

Еден од првите што носеше сафари кожена јакна на панталони.

 

Исто така, еден од првите што се осмели да облече сако од кадифе во комбинација со џинс.

 

Класичните одела се негова „специјалност“ и без разлика во која декада ги носи, одлично изгледа во нив.

 

А кога сме кај поелегантниот изглед, еден од актерките кои први го прифатија трендот на носеше шал со одело.

 

Ништо помалку привлечен не беше ниту во кожена јакна и бела маица, стил кој го носеше во „Б рилијантин“, а кој стана потоа доминантен и меѓу публиката.

 

Од истиот филм се и црните тесни маички, естетика која ќе се враќа повеќе пати на модната сцена, а посебно ќе ја популаризира повторно Армани.

 

Можете ли да замислите поголем филмски хит од Saturday Night Fever - остварување кое ќе го лансира Траволта во ѕвездите, а неговиот стил ќе послужи како инспирација за многу мажи подоцна.

 

Џинс на џинс? Секако, тоа го може „каубојот“ Траволта!

 

„Евтини приказни“ е култен филм. И иако Траволта стана дел од еден од најпопуларните гифови на социјалните мрежи, овој негов изглед беше вовед во нов тренд - долга коса врзана во опавче. И уште еднаш потсетување дека мажи што танцуваат секогаш ќе го имаат вниманието на жените.

 

 

Објавено:
18 февруари 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
438 пати