Барбара Стрејсенд - Модна икона пред многу други

24 април 2020

Барбара Стрејсенд. Име кое успеа да стане бренд. Денеска полни 78 години. Во текот на својата кариера долга шест децении, таа успеа да освои „Оскар“, „Греми“, „Тони“, „Еми“ и „Златен глобус“. Сите значајни.

Но, таа остави значаен белег и во модна смисла. Имаше смелост да облече комбинации кои никој пред тоа не ги носел. 

Се сеќавате на транспарентната комбинација на „Оскарите“? Сега сите носат „голи фустани“ и креации, но таа беше прва што се појави во таква и тоа во 1969 година кога тоа ретко кој можеше да го замисли.

Нејзиниот стилист за коса ја убедувал да не ги облекува тие светкави панталони ѕвонарки во комбинација со топ кој има голема црна панделка во задниот дел. Но, Барбара како љубител на фанки стилот не го послушала советот. Дотогаш на црвениот килим доминирале класични креации, па овој смел чекор на пејачката и актерка се сметал за револуционерен. Но, секако дека тогаш не бил така прифатен. Нејзиниот изглед бил оценет како „монументално славење на лошиот вкус". Инаку, Стрејсенд таа година ќе го добие оскарот за Најдобра актерка за улогата во „Funny Girl", а кога ќе излезе на сцената сите ќе ги видат нејзините атрибути. Затоа, овој изглед ќе биде наречен и како „Streisand nude".

Беше тоа креација на Aрнолд Скаси, која во денешно време е апсолутен хит.

foto: pinterest.com

Три години претходно, 1966 година се појави на ревија на „Шанел“, во стајлинг во леопард принт и тоа од глава до петици.

Стрејсенд носеше сè - од бохо естетика, до андрогени стајлинзи. Jа гледавме и во светкави фустани за забава и во машки одела.

Препознатлива е и по додатоците за коса. Нејзините стајлинзи често вклучуваа шапки, марами, ленти за коса... Исто така, секогаш имаше и впечатлива шминка, односно впечатливо истакнати очи, кои беа инспирација и за бројни визажисти. Во некои од ревиите на Марк Џејкобс и Ердем, манекенките имаат шминка инспирирана токму од Барбара Стрејсенд. Џејкобс дури се послужи и со свилени турбани, нешто што беше јасна асоцијација на пејачката во тој контекст.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@andreaskokkino) onApr 24, 2020 at 2:51am PDT

 За тоа дека е навистина модна икона и легенда, сведочи и последната колекција на брендот „Coach“, чие заштитно лице сега е Џенифер Лопез.

Помеѓу другите парчиња има и дуксери, односно маици со ликот на Стрејсенд. Пејачката и на 78 години , одлично се снаоѓа со социјалните мрежи, па на Твитер се пошегува со Џеј Ло дека ѝ е многу драго што гледа дека го носи нејзиниот лик.

 

Од оваа дистанца, Барбара Стрејсенд веројатно низ годините е дури и потценета модна икона, која била пионир за популаризирање на голем број трендови.

Во продолжение погледнете мала модна ретроспектива:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Matt (@babsdude) onApr 23, 2020 at 9:36am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Matt (@babsdude) onApr 1, 2020 at 10:30am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GregPghSaoPaulo (@gregpghsaopaulo) onApr 24, 2020 at 4:59am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Giulia (@unanancyowen) onApr 24, 2020 at 4:43am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brian Rasic (@brianrasic) onApr 24, 2020 at 5:23am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by John DiLeo (@john.dileo.12) onApr 24, 2020 at 5:26am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dario Cavallini (@darioc0908) onApr 24, 2020 at 5:20am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Erin Schmidt (@erinqou) onApr 24, 2020 at 4:23am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@michaelzjackson) onApr 24, 2020 at 3:56am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mind Out (@mindouters) onApr 24, 2020 at 3:50am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Zephyr (@zephyralexxx) onApr 24, 2020 at 3:40am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DAVIDE BAZZERLA (@maisondavidebazzerla) onApr 24, 2020 at 3:19am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Roberta B. (@konfettjna) onApr 24, 2020 at 2:40am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by fimeladotcom (@fimeladotcom) onApr 24, 2020 at 1:41am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Arhoan visual artist (@arhoanvisual) onApr 24, 2020 at 1:31am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stefi & Marian (@sym_uy) onApr 23, 2020 at 11:47pm PDT

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onJun 20, 2018 at 7:33am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onJun 18, 2018 at 1:30pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onJun 13, 2018 at 1:34pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onMay 29, 2018 at 7:04am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onMay 18, 2018 at 4:15pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbrastreisand_fans) onMay 5, 2018 at 8:03am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbra.streisand.fan) onAug 23, 2014 at 1:58pm PDT

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Barbra Streisand (@barbra.streisand.fan) onJun 29, 2014 at 2:08pm PDT

Објавено:
24 април 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
540 пати