Басистката на „Манескин“ е новата рокенрол модна икона на младата генерација

7 декември 2021

„Манескин" манијата го обиколи светот. Од времето на „Abba" не се памети толкава врева и хистерија околу евровизиски победник, иако имало во кратки секвенци, но не во светски размери како што тоа му успеа на италијанскиот поп-рок бенд.

Со нивниот ексцентричен животен стил, не им требаше многу време да го привлечат вниманието и на модните гиганти, па набрзо остварија соработка со италијанскиот моден бренд Гучи.

Покрај Дамиано Давид кој се истакна како водечка фигура, сепак Манескин дејствауваат како целина и секој од четворицата членови на бендот е значаен дел од приказната.

Единствената дама во ова друштво, басистката Викторија де Ангелис го живее рокенрол животот и надвор од сцената. Таа е бунтовник и таму, но и во приватниот живот. Публиката ја препозна нејзината искреност и затоа можеби уште од старт не ги криеше симпатиите кон неа.

Иако потајно сите посакуваме да ги видиме во пар со Дамиано, сепак таа во повеќе интервјуа демантираше дека постои било каква романтична релација помеѓу нив двајца, но дека тоа не значи дека не се многу блиски.

Уште од нејзините рани детски денови свири гитара, но откако се запознала со бас гитарата, гаи особена љубов кон овој инструмент.

Секогаш била ексцентрична и бунтовничка што како став има голем удел и во градењето на нејзиниот личен стил.

Експериментирала и со коса и фризура и со тетоважи, за светот да ја запознае во фаза кога нејзиниот имиџ е модерна реплика на ретро музичките икони како Џенис Џоплин и Роберт Плант.

Малку хипи и малку рокенрол, во нејзиниот стил се испреплетуваат различни фрекфенции на алтернативната мода и токму тоа е тоа што ја прави поинаква и впечатлива.

Нејзиниот стил можеби да ви се допаѓа или да не ви се допаѓа, но во секој случај на нејзината појава нема да останете рамнодушни. А впрочем тоа е и целта на шоу бизнисот, зарем не?

Фото: Инстаграм/vicdeangelis

 

Објавено:
7 декември 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.418 пати