Брижит Нилсен на 61 година повторно на модната писта

13 декември 2023

Брижит Нилсен неодамна ја видовме на ревијата на Баленсијага во Лос Анџелес како носи креација со потпис на Демна Гвасалија.

Самото модно шоу беше своевидно исмевање на богатите што живеат во овој град под фамозниот Холивуд знак.

Ѕвездата од 80-те се појави сосем неочекувано во друштво на многу помлади “модели”.

Брижит која важеше за многу популарна манекенка во таа декада повторно воодушеви со својата импозантна појава. Таа е по потекло од Данска, а родена е 1963 година.

Со моделинг започнува во своите рани 20-ти, а потоа следуваат и неколку филмски улоги. Со нејзината височина од 183 сантиметри секогаш се истакнуваше во толпата и токму тоа и помогна за нејзината слава.

За време на манекенската кариера позираше и за Playboy.

Првиот филм во којшто се појави беше Red Sonja (1985) каде што глумеше заедно со Арнолд Шварценегер.

Истата година стапи во брак со Силвестер Сталоне, со што стана константна мета на папараците.

Парот се разведе по само две години, а Нилсен продолжи со актерската кариера, појавувајќи се најчесто во акциони филмови.

Сепак, од неодамна Брижит, 61 реши повторно да му се врати на моделингот.

Во една прилика изјави дека и било малку тешко да се навикнува пак на високи потпетици, но сепак успеала.

Се чувствувам навистина самоуверено и моќно во нив.Ме радува и разноликоста во денешниот свет на макенеството, можете да имате 60 години или да сте прилично крупни и пак да чекорите на модната писта.

 

Фото: Pinterest, Instagram

Објавено:
13 декември 2023
Категорија: 
Модна икона