Дајан Китон е нашата омилена 76-годишна икона на стилот

12 август 2022

Дајан Китон повеќе од пет децении е еден од најхаризматичните ликови што некогаш Холивуд ги имал. Истовремено, таа важи за една од најдобрите актерки на својата генерација која ги има освоено сите можни престижни филмски награди, вклучувајќи и Оскар („Annie Hal"l, 1977), Златен глобус, БАФТА... За модниот свет пак, Китон е посебно привлечна и инспиративна земајќи предвид дека самата се стилизира, а тоа го прави и повеќе од умешно надвор од врамувањата и тенденциите.

Дури и нејзините филмски ролји случајно или намерно во естетска смисла се многу блиску до тоа каков стил таа негува приватно.

Почеток на кариера...

Дајан Китон е родена во 1946 година во Лос Анџелес, во семејство на мајка – фотограф аматер и татко – брокер за недвижнини.

Студирала актерска игра, а својата актерска кариера ја почнува на Бродвеј. Своето деби на филмското платно го направила во 1970 година, во филмот „Lovers and Other Strangers".

Но, пресвртот во нејзината кариера се случува во 1972 година со улогата на Кеј Адамс, девојката, а потоа и сопруга на Мајкл Корлеоне (Ал Пачино), во култната трилогија на Френсис Копола, „Кум".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@mafia_familys)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Trendencias (@trendencias)

Од тогаш холивудското небо добива голема ѕвезда со богата кариеа во блокбастери како:
Father of the Bride, The First Wives Club, Marvin's Room, Something's Gotta Give, 5 Flights Up, а неодамна беше прмиерата и на најновото филмско остварување каде Китон толкува една од главните улоги, Mack & Rita.

И токму на промоцијата се појави во една фантастична комбинација, која иако во црно од глава до пети, не беше ниту класична, а уште помалку досадна... Напротив, со силна изразена индивидуалност во која веднаш ќе ја препознаете Дајан Китон.

Модна икона...

Шешир, дводелен машки костум, црна ролка и бисери, здолниште во А крој со широк ремен – Дајан Китон изгради свој препознатлив имиџ со кој низ годините си ја заслужи титулата Икона на стилот, давајќи нова перцепција за елеганцијата и женственоста.

Активна е и на социјалните мрежи, каде нејзината публика и фановите може само да потврдат колку таа навистина е забавна со изразено чувство за хумор, што само го надополнува позитивниот впечаток за нејзиниот приватен имиџ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Old but gold! (@vintagessweet)

Инвентивна и храбра со изборот на облека, Дајан е инспирација за жените од сите генерации – барем за оние кои даваат предност на индивидуалноста во однос на тенденциите.

Актерката откри дека ги сака оделата со строг крој и дека нејзината доживотно омилена комбинација е црно-белата. А шапките се омилен моден додаток, што е и очигледно.

„Дури и кога бев млада, секогаш се облекував модерно. Мама и јас, од магазините ќе ги исечкавме сликите кои ќе ни се допаднеа, јас ќе ѝ покажев што би сакала да имам, а таа ќе ми го купеше", вели Китон во една прилика.

Родена филмска и модна ѕвезда.

Фото: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dellia (@delliastyles)

Објавено:
12 август 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.629 пати