Во шармантната Дакота Фенинг светот се „вљуби“ во 2004 – тата година кога заедно со Дензел Вашингтон глумеше во одличниот „Man on fire“.

Од слатко мало девојче со неверојатен актерски талент, таа денеска се претвори во прекрасна девојка со чувство за стил како никој друг во Холивуд.

Она по што таа се издвојува од сите останати е начинот на кој ги комбинира и воедно ги носи сите парчиња што ги одбира кои секогаш изгледаат толку добро на неа.

Нешто со што таа секогаш воодушевува е нејзината неверојатна скромност, со оглед на тоа што станува збор за една навистина ангажирана и платена актерка од Холивуд.

Таа фасцинира со одличниот избор на парчиња кои многу често сака да ги набавува во продавниците на high street брендовите без никаков проблем.

Како пример, во последните неколку денови за нејзините прошетки таа одбира супер стилски и тренди парчиња од Зара кои може секој да си ги дозволи.

Во име на удобноста, таа ги комбинира со шик фармерки, стилски патики, внимателно одбран накит и секогаш добри чанти.

Но, таа е девојка која знае да изгледа и неверојатно елегантно и да одбере парчиња и од светски брендови меѓу кои и Шанел, Валентино, Диор, Rag & Bone и многу други.

Без разлика што станува збор за познати брендови, нејзиниот избор речиси секогаш се едноставни фустани најчесто без прерамки или со откриени рамена, но секогаш одбрани со посебно внимание.

Што се однесува до палетата на бои, многупати актерката знае да одбере сини парчиња, без притоа да го вброиме нејзиниот омилен џинс.

Што се однесува до вечерните варијанти, црната и белата се нејзините омилени како и најсигурни, но тоа не значи дека таа не сака да експериментира и со по некој црвен фустан или комбинезон или пак целосно светкава комбинација за свечен настан.

Дакота Фенинг е девојката чиј стил ние го обожуваме ова лето, а дека е и вистинска модна икона, уверете се во галеријата.

Објавено:
13 јули 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.087 пати