Таа е една од најуспешните модни блогерки на денешницата со повеќе од два милиони следбеници на нејзиниот блог и профил „We Wore What“.

Даниел Брнштајн на само 25 години беше прогласена за една од најуспешните бизнисменки на Forbes 30 under 30, а оттогаш нејзиното богатство и слава вртоглаво растат.

Ќе каже дека иако отсекогаш била вљубена во модата, никогаш не помислила дека тоа ќе биде нејзината кариера, ниту пак нешто од што ќе заработува.

Нејзиниот блог го отворила додека студирала, сакајќи да прикаже колку добро се облекуваат сите нејзини колеги на кампусот, за нешто подоцна да се фокусира на себе и да изгради фантастична кариера.

„На почетокот одев на сите можни модни настани што се организираа, земав примероци од брендовите и им покажував како можам да ги рекламирам, сè додека не дојде време да наплаќам за тоа. Нешто подоцна почнав да објавувам фотографии на Инстаграм од тоа што сум носела тој ден и така почна сè“, вели Даниел за Fashion Week Daily.

Додава и дека по интервјуто за Harper’s Bazaar во кое за прв пат јавно говори за тоа колку заработуваат блогерите од еден пост, нејзините следбеници вртоглаво почнале да растат, па за само една вечер добила неверојатни 200.000 нови обожаватели.

Ќе каже дека таа не е само модна блогерка, туку и млад претприемач. На само 27 години, таа има неколку линии на облека, инвестира во различни компании, а во моментов отвора и нејзина сопствена за технологија за која ќе каже дека ќе биде вистински бум.

Таа отворено зборува за тоа дека сега откако има два милиони следбеници наплаќа по 10.000 долари за една објава на „Инстаграм стори“, бидејќи истите се многу поефективни за брендовите.

Што се однесува до нејзиниот стил, од фотографиите сфативте дека истиот е беспрекорен. Речиси секогаш одбира тренди парчиња кои ги украсува со многу накит, модни додатоци и секогаш совршени чевли и чанти.

Соработува со некои од најстилските брендови, па така често можеме да ја видиме во неодоливи парчиња на Зимерман и Реформејшн, а дека е вистинска инспирација ќе посведочите и преку галеријата.

Инфо и фото: Danielle Bernstein/Instagram, Fashion Week Daily

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.426 пати