Данијела Мартиновиќ на Инстаграм – стилска разгледница со далматински шарм

23 март 2022

Таа нејзина харизма ќе ви „прозбори" дури и преку фотографија, иако можеби никогаш непосредно не сте ја виделе.

Данијела Мартиновиќ, далматинка по сите критериуми, периодов беше под лупа на медиумите поради случувањата во нејзиниот приватен живот, но ние ќе ја смениме темата и ќе ви го пренесеме нашето воодушевување од нејзиниот стил што на Инстаграм добива на уште посилен интензитет.

Секогаш знаела совршено да се дотера и тоа да го направи соодветно на приликата. Ситна по градба, но со влијателно модно присуство. Секогаш уникатна, шармантна, женствена и своја.

Има 50 години и е полна со животна енергија, барем таков впечаток секогаш остава во јавноста. Можеби тоа е формулата поради која, што и да облече на себе, сјае.

На нејзиниот профил на Инстаграм, секоја фотографија е уживање и инспирација и модна и животна. Смела е во комбинирање на бои и неконвенционални комбинации.

Таков беше примерот и со една интересна комбинација што ја објави неодамна, со плисиран, асиметричен фустан со впечатливи карнери и принт со точки. Симпатично и својствено за Данијела, но веројатно не секој би можел да го „износи".

Во една прилика, во интервју за нашиот сајт кое што го направивме пред две години пред нејзиниот концерт во Скопје, таа ќе изјави:

- -Кога ќе го спознаете она, кога навстина ќе го спознаете, а не само како збор што некаде сте го прочитале, дека ние сме толку посебни и дека секој човек е прекрасен и дека никогаш никаде нема да се повтори некој како вас... Кога навистина го сфатив тоа, а тоа најчесто се случува во моменти кога не се чувствувате најдобро, (тагата не е чувство кое се појавува без причина, тоа е врата кон нашата длабочина), кога ќе се продрете во таа длабочина, а тоа јас навистина го почувствував, дека нема навистина ништо поубаво од тоа да уживате во тоа што сте. Дека човекот е многу поголем отколку што себе си дозволува да си признае. Дека е многу помоќен отколку што се осудува да верува. Дека тој траг што може да го постави, не може да се избрише. Веројатно тоа зрачи од мене. Кога луѓето ќе ме видат во живо, ќе ми кажат вие сте многу поубава во живо отколку на слика или тв... А јас всушност мислам дека во прашање е чиста енергија. Чувствувате дека тоа што јас го носам е вистинска енергија, дека не е „фејк". Дека јас не лажам бидејќи сега тоа е модерно, што се очекува од луѓето кои се популарни. Затоа сакам да ви заблагодарам на вашите прекрасни зборови, а јас навистина ви посакувам, овој пат што јас го изодев за сето тоа комплетно да го спознаам, да го поминете и вие, бидејќи тогаш ќе ја сфатите важноста на тоа дека ништо на овој свет не е побитно од тоа да го проживеете својот ден до крај. Среќно.

Објавено:
23 март 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.456 пати