Џулиен Хаф – Модна икона која може да носи буквално сѐ!

17 август 2019

Веројатно оваа прекрасна девојка ја препознавате од актуелната сезона на „Америка има талент“, но почетоците на Џулиен Хаф се од популарното американско шоу „Dancing with the stars“ каде имаше одличен успех заедно со нејзиниот брат Дерек.

alberto_e._rodriguez_getty_images_north_america

Таа е модел, актерка, пејачка и танчерка, а во последно време актуелна како дел од жирито на „Америка има талент“ каде е обожувана од сите учесници.

Во речиси секоја епизода таа изгледа беспрекорно, благодарение на нејзиниот фантастичен физички изглед, неверојатно згодно атлетско тело и секако, комбинациите што ги одбира.

mediapunch_shutterstock

Денеска решивме да ве потсетиме на некои од нејзините најдобри стајлинзи кои најчесто се составени од впечатливи фустани во нежни бои кои ги обожава.

david_livingston_getty_images_north_america

Секогаш позитивна и насмеана, оваа девојка постојано освојува со нејзината ведрина по која е позната, иако неодамна изјави дека има потешкотии со забременувањето како резултат на ендометриоза.

jamie_mccarthy_getty_images_north_america.

Инаку, таа веќе две години е во брак со познатиот канадски хокеј играч Брукс Лаих со кого ќе каже дека обожува да ги поминува деновите и постојано да оди во нови авантури.

Џулиен Хаф важи за дама со исклучителен стил што се надоградуваше низ годините, а денеска ние ве потсетуваме на некои од нејзините највпечатливи стајлинзи.

 

Објавено:
17 август 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.102 пати