Џулија Робертс: Кралица на оделата и непретенциозна модна икона

28 октомври 2020

Иако веќе одамна не е толку активна на холивудската сцена, а и не може често да се види на гламурозни случувања, сепак Џулија Робертс е една од омилените личности и меѓу колегите и меѓу публиката.

Магазинот „Пипл" ја прогласи за најубава жена дури пет пати. Првпат е прогласена за најубава во 1991, година дена по појавувањето на мега хитот „Згодна жена". Истата титула потоа ѝ беше доделена во 2000-тата, 2005,  2010 и 2017 година.

Но, сепак нејзината доминација во шоу-биз светот беше најмногу благодарение на тоа што поседува раскошен талент, кој го пласираше во одлични филмски остварувања.

Со широка насмевка и прекрасна коса, таа успеваше да го привлече вниманието секогаш кога беше потребно. Со своите модни избори поставуваше некои нови трендови. Таа е непретенциозна модна икона, која можеби и неправедно е запоставена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) onOct 17, 2019 at 9:20am PDT

Робертс има модна формула на која ѝ е верна со години - одело.

Тоа стана нејзин чест избор на црвените килими уште од 1989 година. На премиерата на „Челичната магнолија" во Њујорк се појави токму во одело.

Потоа во 1990-тата следеа „Златните глобуси" и легендарното широко одело на „Армани", стајлинг за кој и денес се зборува како за еден од најсмелите и најкултните во тоа време.

И во 1991 година повторно на„Златните глобуси" имаше комбинација во сличен стил, овој пат со здолниште.

Беше дел и од кампања на „Живанши", односно нивно заштитно лице во пролет 2015 година, куќа со која и најчесто соработува кога се свечените настани во прашање, исто така во одело.

Елеганцијата е задолжителна во нејзините јавни појавувања. Сепак, последниве години, ја гледаме во полежерни изданија што подразбираат и џинс и кожени панталони во комбинација со палто или јакна.

Таа е една од ретките што достоинствено стареат и немаат проблем да се соочат со своите недостатоци. Токму во изданието на „Пипл“ пред три години кога е избрана последен пат за „Најубава жена“ зборува за зрелоста и стареењето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) onSep 22, 2018 at 7:37am PDT

„Се надевам дека ќе стареам достоинствено, ќе ги гледам децата како растат, ќе ги следам и сфаќам нивните соништа, ќе гледам како ќе ги најдат вистинските личности во нивниот живот, ќе основаат семејство и ќе имаме мали суштества (внуци), кои Дени и јас ќе ги разгалиме.... Тоа е нешто што животот треба да биде – вели Робертс и на шега додава – Мислам дека ќе бидам спремна да бидам баба. Господе! Тоа звучи премногу зрело и возрасно од оваа перспектива.

Ботоксот, филерите и пластичната хирургија не се нешто на што би се подвргнала во овие години. Во една пригода дури изјави дека ја ризикувала кариера на сметка на достоинственото стареење.

Ако ви е потребно, направете го... Сите треба да го правиме тоа што го сакаме. Не се плашам од стареењето и годините“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) onDec 3, 2018 at 1:50pm PST

 

Пред пет години имаше објава на социјалните мрежи која стана вирална, а читајќи ја од оваа перспектива, сфаќаме дека работите не се промениле многу (или воопшто).

„Совршенството е болест на нацијата. Ги оптеретуваме нашите лица со многу шминка. Ставаме ботокс и се изгладнуваме себеси само за да стигнеме до совршена линија. Се обидуваме да го поправиме нештото, но не можеш да поправиш нешто што не можеш да видиш. Тоа е само вашата душа на која ѝ треба хируршки зафат. Сега е моментот кога треба да имаме став. Како може да очекувате некој да ве сака ,ако вие самите себеси не се сакате? Вие треба да бидете среќни со самите себе. Не е важно како изгледате однадвор, важно е како се чувствувате одвнатре. Тоа што е во вас самите се брои . Денес сакам да споделам со вас фотографија која нема грам шминка. Знам дека имам брчки на моето лице, но денес сакам да не гледате во нив. Сакам да ја сакам вистинската Џулија, сакам вие да се сакате себе си какви што сте и да се гушнете силно", порача тогаш Робертс.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) onOct 14, 2019 at 8:21am PDT

И токму таа е една од оние жени што заслужуваат да се наречат модни икони, бидејќи тој термин не подразбира само убава облека.

 

Објавено:
28 октомври 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.678 пати
Тагови: 
Џулија Робертс